Специјализантот по кардиоваскуларна хирургија, Кристијан Бундовски не ја криеше среќата од успешно завршената трансплантација на срце во Република Македонија.

Објавил: Стојче Бушин | 23 мај, 2020 10:24

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ: Вака работеа нашите стручњаци(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Ноќеска на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар во Скопје се изведе првата трансплантација на срце во Република Македонија, која заврши со позитивен исход!

Специјализантот по кардиоваскуларна хирургија, Кристијан Бундовски не ја криеше среќата од успешно завршената трансплантација на срце во Република Македонија.

Тој објави и неколку фотографии од операционата сала, велејќи дека победиле хуманоста и љубовта.
„Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце…..Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ !! Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо….испишаа историја !! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност … победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде ! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата “Живот” !
Специјализантот по кардиоваскуларна хирургија, Кристијан Бундовски не ја криеше среќата од успешно завршената трансплантација на срце во Република Македонија.

Честитки Господа !!!“, напиша тој на својот фејсбук-профил.

Проф. Д-р Николиќ и д-р Димче Славески од Аџибадем Систина дел од тимот што ја изведуваа првата трансплантација на срце во земјава!

Професор д-р Александар Николиќ кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и шефот на Одделот за анестезија д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“ ќе беа дел од тимот доктори кардиохирурзи и анестезиолози кои ја правеа првата трансплантација на срце во земјава, која беше изведена ноќеска на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар.

Проф-д-р Николиќ кој има 30 годишно искуство во оваа област, впрочем е и единствениот доктор кој работи во здравствена установа во земјата, а има зад себе искуство од вакви интервенции. Самиот бил дел од три тимови за трансплантации на срце.

Првата трансплантација на срце во земјава ја работеа мешан тим кардиохирурзи, врвни експерти од повеќе здравствени установи меѓу кои и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија и д-р Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“!

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

Македонија се враќа во нормала: Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти!

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. – Скопје 11 –...

Според него со олеснувањето на рестриктивните мерки и тоа што не беше прифатена препораката од Комисијата за заразни болести, за целосен карантин за време на викендот, претставува потенцијален ризик дека во наредните денови бројот на нови случаи ќе биде поголем.

Инфектологот Цана: Наредните денови ќе има уште повеќе заразени!

Специјалистот за инфективни болести Фадил Цана, во изјава за Алсат, го прокоментира...

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.

Ковид-19: Македонија бележи два дена без жртви!

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. – Скопје 7 –...