Во фокусот на фестивалот се македонските џез музичари и промоција на македонската џез музика.

Објавил: Стојче Бушин | 21 јули, 2020 11:04

ПРВО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „КРАЈ ВАРДАРОТ ЏЕЗ” ВО МКЦ ПАРК

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во организација на дискографската куќа ПМГЏЕЗ на 23 и 24 јули, во паркот позади МКЦ ќе се одржи првото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“.

Во фокусот на фестивалот се македонските џез музичари и промоција на македонската џез музика.

Првата фестивалска вечер ќе почне во 19.45 часот со настапот на скопскиот џез музичар Филип Букршлиев, кој ќе отвири композиции од неговиот соло гитарски албум „Don’t go away mad because the Duke is not coming back“, објавија град Скопје!

Двете фестивалски вечери ќе се одвиваат согласно протоколите предвидени за организација на настани од овој тип, поради актуелната ситуација со коронавирусот.

Задолжително е носење маска, а столчињата ќе бидат поставени на 2 метри растојание.

Бројот на посетители е ограничен на 300 седишта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.