На сообраќајката интервенираше екипа на Брза помош и екипа на пожарна, според неофицијални информации нема тешко повредени лица.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јануари, 2020 11:16

Превртен автомобил кај Веро Џамбо во Скопје (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Превртен автомобил утринава го отежна движењето од Центар кон Аеродром, пренесува Сител.

Се уште не е позната здравствената состојба на лицата кои се наоѓале во превртениот автомобил и не е позната причината за сообраќајката…

На сообраќајката интервенираше екипа на Брза помош и екипа на пожарна, според неофицијални информации нема тешко повредени лица.

Вчеравечер уште една страотна сообраќајка во која загина едо лице го потресе Скопје. МВР информира за вчерашната состојба на скопските улици.

Едно лице, сопатник во возило, загинало во сообраќајна несреќа, две лица, сопатник во возило и велосипедист, се здобиле со тешки телесни повреди во вкупно 11 сообраќајни несреќи што во текот на изминатиот ден се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Во останатите сообраќајки лицата се полесно повредени и/или е причинета материјална штета.

Двајца возачи се исклучени од сообраќај – еден поради управување возило под дејство на алкохол, а другиот зашто немал возачка дозвола. Исклучени се и две нерегистрирани возила.

Според извештајот на Одделението за превенција на СВР Скопје, поради непрописно паркирање, со „пајак“ биле подигнати 56 возила

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ ДО ВОЗАЧИТЕ: Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот...

Од 7 часот наутро машинскиот персонал во Железници транспорт ја бојкотираше работата!

Блокиран Железничкиот сообраќај: Машиновозачите излегоа од локомотивите, бараат 30 посто надомест!

Железничките станици вчера останаа без ниту еден работник. Од 7 часот наутро Машинскиот...

Станува збор за фотографија на која може да се забележи мртов коњ, при тоа не покриен закачен на камион и без ни малку совест и чувство вози низ улиците во Скопје. 

СРАМОТА ИМА ЛИ НЕКОЈ ДА ГИ КАЗНИ: Мртов коњ закачаен на камион се депортира во депонија

Грозоморна слика на скопските улици осамна денеска на социјалните мрежи од „Ремедиум...