Се бара возачот на ФОЛКСВАГЕН ГОЛФ, кој откога удрил 13 годишно дете побегнал!

Објавил: Македонка Димкин | 23 декември, 2018 13:23

Прегазено 13 годишно дете, полицијата ги има регистарските таблици но молчи?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Тринаесетгодишно момче е повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа вo 20:00 часот на крстосница од бул.„Никола Карев“ и ул. „362“ во Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен, патничко моторно возило ,,Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Т од Скопје, а управувано од засега непознато машко лице, удрило во Л.А (13) од Скопје. Возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

По незгодата , Л.А. се упатил во неговиот дом, а потоа негов роднина го однел во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди, а по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

За сообраќајната незгода известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица од насилна смрт е намалена за 15.3 % во однос на претходната година и изнесува 421 умрено лицe.

Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.1 %. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2017 година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица, и тоа 75.1 %.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „Несреќните случаи“, со 66.0 %, потоа „Самоубиствата“, со 26.4 % и „Убиствата“ со 7.6 %. Во категоријата „Несреќни случаи“, на прво место се умрените лица од „Други надворешни причини за случајна повреда“, со учество од 26.1 %.

Во категоријата „Самоубиства“, случаите кај кои смртта настапила поради „Бесење, странгулација и суфокација“ имаат најголемо учество со 15.7 %. Во категоријата „Убиства“, доминантна причина за смрт е „Обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје“, со учество од 2.4 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.