Денеска - изборен молк

Објавил: Калина Мартинска | 21 мај, 2024 9:36

Прегласување на седум изборачки места во петтата и шестата изборна единица в среда

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Од денеска во државава се спроведува прегласување на неколку избирачки места каде ДИК откри, а Управен потврди неправилности на гласањето на парламентарните избори од 8ми мај.

Денеска гласаат болните и изнемоштени лица во избирачки места во Охрид, Крушево, Струга, Долнени и Желино, па поради прегласувањето во овие избирачки места важи обврската за предизборен молк која почна ноќеска на полноќ, а ќе заврши утре по 19 часот односно до затворање на избирачките места.

Притоа, ДИК соопшти дека за прегласувањето ќе важат истите листи за болни и немоќни лица.

Од ДИК појаснуваат дека гласањето на затворениците и болните ќе се реализира денеска, а ќе го спроведат општинските изборни комисии на територијата каде се наоѓаат лицата.

Дел од запишаните избирачи, правото на глас ќе го искористат во старечки домови каде престојуваат или во затворите каде издржуваат затворски казни. Такви има седуммина.

Во прилепскиот затвор гласаат тројца, во истражниот во скопско Шуто оризари право на глас имаат двајца, а по еден ќе гласаат во старските домови во Битола и Карпош.

Во меѓувреме ДИК соопшти дека навремено е дистрибуиран гласачкиот материјал.

Според пресметките од партиите најмногу може да изгуби ДУИ два мандата а СДСМ да добие еден. Од Дуи обвинија за изборен инженеринг. Од „Вреди“ пак ја поздравија одлуката и се надеваат на уште еден пратеник во „шестката“.

Од коалицијата „Твоја Македонија“ пак, предводена од ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на зголемување на нивните пратенички мандати предводникот Мицковски очекува по 22 мај да имаат мнозинство од 62 пратеника.

На осми мај за парламентарните избори од запишаните гласачи во спорните седум избирачки места, својот глас го дале 2584 гласачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.