Живот
Рецепти
Наскоро е прочка а на овој голем христијански празник се јаде баклава или кадаиф. Па во таа чест ви претставуваме еден вкусен рецепт за кадаиф со ореви, кој е омилен десерт на турците.
Потребни ви се следните состојки:
500 гр. кадаиф
200 гр. ореви
150-200 гр. путер
300 гр. шеќер
1 лимон
50 гр. суво грозје
Нaјпрво се премачкува тепсијата со путер. Потоа се реди половина од кадаифот и додадете ги толчените ореви помешани со суво грозје по желба, попрскајте со путер и ставете ја другата половина од кадаифот.
Попрскајте со остатокот од путерот и ставете го во рерна да се пече околу 40 минути.
Шеќерот со 200 гр. вода и сокот од лимон сварете го и прелејте го печениот кадаиф. Кадаифот треба да биде ладен, а шербетот врел.
По желба можете да додадете и лешници или бадеми.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Рецепти
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.