Лидер на опозицијата

Објавил: Калина Мартинска | 12 септември, 2024 13:06

Предлог-законот за заемот од Унгарија да се носи во редовна постапка, бара Филипче

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Пратениците на СДСМ бараат да се повлече законот за заем од Унгарија по скратена постапка и тој да се носи во редовна постапка, за него да се организира дебата со вклучување на експертската јавност.

Предлог законот, како што кажа, е коруптивен и земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија.

Пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција во Собранието побара законот да се донесе во редовна постапка, да се организира јавна дебата и да се носи согласно Деловникот.

Филипче кажа дека претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Сања Лукаревска нема да го стави на дневен ред законот за заемот.

Според новиот Деловник за работа на Собранието ако претседателот на работното тело не свика седница кога е должен тоа да го стори или ако работното тело нема претседател, седницата ја свикува претседателот на Собранието кој го одредува и претседавачот до завршување на седницата (член 126 од Деловникот).

-Во услови кога за првпат државата се задолжува директно од некоја друга држава, кога не постојат јасни критериуми и механизми за распределба на земените пари, кога не постои јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите, кога нема јасни одредби во законот кои тоа го гарантираат, кога има точки каде се кријат скриени трошоци кои не се јасно изразени за СДСМ е крајно недозволиво да се носи овој закон по скратена постапка, рече Филипче.

Според него, со носењето на законот по скратена постапка целта на Владата е граѓаните да не слушнат детално за законот и да слушнат што се крие зад ова задолжување.

ВМРО-ДПМНЕ го скрати правото на дебата и вклучување на експертската јавност за носење на овој закон, рече Филипче повторувајќи дека законот е коруптивен и дека со него земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија

Самиот предлог закон, како што кажа, изобилува со недоречености и непознаности и треба да прецезира и да за него да има јавна дебата. Филипче смета дека во законот има јасно видливи коруптивни елементи.

Најпрво ова задолжување е договорено уште кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, целосно вонинституционално и во четири очи.

Како што тогаш бил договорен законот надвор од сите процедури така и сега владата сака да го изгласа надвор од секаква дебата и анализа. Ова СДСМ го смета за скандал, рече Филипче.

СДСМ бара да се искористат сите механизми за јавна расправа за овој закон.

Според новиот Деловник за работа на Собранието, ако претседателот на работното тело во случајов Лукавеска не свика седница во рок од 24 часа, седницата ја свикува претседателот на Собранието кој го одредува и претседавачот до завршување на седницата (член 126 од Деловникот).

Во кој рок тоа треба да е направи не се прецизира.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.