Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светскиот пазар бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,70 проценти, додека кај дизелот има зголемување во просек за околу 1,23 проценти и кај Екстра лесното масло за околу 0,76 проценти.

Објавил: Валерија Петрова | 2 декември, 2019 15:27

Предновогодишно намалување на горивата – убава вест за возачите!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемува за половина денар, а бензините остануваат со иста цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според ова, дизелот ќе се продава по цена од 61,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по цена од 50,5 денари за литар.

Еуросупер БС-95 и оваа недела ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 70,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,229 ден/кг во однос на претходно утврдената цена така што веќе од утре неговата нова цена ќе биде 33,186 ден/кг.

Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светскиот пазар бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,70 проценти, додека кај дизелот има зголемување во просек за околу 1,23 проценти и кај Екстра лесното масло за околу 0,76 проценти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Во следниот период, УЈП очекуваат граѓаните да пријавуваат ако се соочат со злоупотреби при исплаќање на минималецот.

ОД ДЕНЕСКА ГРАЃАНИТЕ ПОБОГАТИ ЗА НЕКОЈ ДЕНАР: Стартува минималната плата од 14.500 денари

Од денеска според новиот закон ниту еден вработен во државава, од овој месец нема да...

Познатата изрека „додека има залихи“ предизвикува психолошки притисок кај потрошувачите. Впечатокот дека е нешто ограничено и дека времето истекува, потсвесно создава паника. Продавачите често тоа го прават со непотребните предмети, кои секојдневно најмалку им се трошат, користејќи поволни понуди, кои најчесто се илузија.

Црн петок – реален попуст или маркетиншки трик

Големи попусти утре ширум светот, овој тренд го следи и Македонија, но прашањето веднаш...