Локално ќе има услови за ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси и тоа застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалалот од 25 до 33 степени.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 јуни, 2021 15:35

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ – ПОНАТАМУ МОЖНО ПОИЗРАЗЕНО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ И ЛОКАЛНИ ПОПЛАВУВАЊА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов особено во североисточните и во источните предели од државава, вклучувајќи ја и Скопската котлина локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси и тоа застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалалот од 25 до 33 степени.

Потоа од утре следува период на пооблачно време/ На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални ПОПЛАВУВАЊА, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на мало опаѓање, што значи дека и покрај доста нестабилното време ќе се задржи релативно топлото време.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Од денес попладне, па во текот на следните денови во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Додека овчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат. Исто така граѓаните во случај на силен ветер да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Околу пладне и попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

ЌЕ ИМАМЕ ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО ВРЕМЕ – ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ НЕСТАБИЛНО СО ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Околу...

Ќе започне да дува северен ветер кој особено Долж Повардарието ќе биде и ЗАСИЛЕН по интензивет ( над 60 км/час).

ОД СЕВЕР КОН НАШАТА ТЕРИТОРИЈА СЕ СПУШТА СТУДЕН ФРОНТ – ЌЕ УСЛОВИ НОВИ ВРНЕЖИ, ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И СИЛЕН ВЕТЕР

Во следните часови од север кон нашата територија ќе се спушта студен фронт кој ќе...

Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Ќе има услови и за појава на локално НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и појава на град.

ДО КРАЈОТ НА ОВАА НЕДЕЛА ПРОДОЛЖУВА НЕСТАБИЛНОТО ВРЕМЕ – ЌЕ ИМА И ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ

До крајот на оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви...