Ќе дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе достигнува брзина од околу 90 км/час.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 јануари, 2021 10:48

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ДОАЃААТ УШТЕ ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ И ВЕТЕР СО БРЗИНА ОД 90 КМ/ЧАС

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претстојната вечер и ноќ од запад ќе се прошират нови уште ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и тоа на пониските места од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег и снежната покривка ќе продолжи да се зголемува, особено на планинските места со надморска височина од над 1300, 1400 метри и тоа претежно во западните предели.

Ќе дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе достигнува брзина од околу 90 км/час.

Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени, додека утре истите ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 16 степени во најтоплите предели од државава.

Утре во текот на денот ќе има краткотраен престанок на врнежите, меѓутоа доцна попладне и навечер од запад ќе започнат нови врнежи од дожд и снег на планините, поради продор на студена воздушна маса во вторник врнежи од снег ќе има и на неко пониски места. Детална анализа околу ова следува понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Од недела температурите ќе бележат тенденција на пад за 7 до 8 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

НАЈАВА ЗА ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ЗА ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА МАКСИМАЛНИТЕ ДНЕВНИ ТЕМПЕРАТУРИ

Денес, како и во текот на следните денови продолжува периодот на стабилно, суво и сончево...

Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено Долж Повардарието повремено ќе засилува.

ВИСТИНСКАТА ПРОЛЕТ ПРОДОЛЖУВА – НО ОД САХАРА СЕ ОЧЕКУВА ТРАНСПОРТ НА ПРАШИНА И ПЕСОК ВО АТМОСФЕРАТА

И понатаму продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со натпросечно високи...