Локално има услови процесите да бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, СИЛЕН, до ОЛУЕН ветер, силен електрични празнења и со појава на град.

Објавил: Владо Марин | 4 август, 2021 15:11

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ: ПО ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН ДОАЃА НЕВРЕМЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Екстремно топлото време ќе се задржи уште утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 43 степени. Меѓутоа од попладневните часови, па во текот на ноќта кон петок и во петок времето ќе биде променливо облачно, на некои места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално има услови процесите да бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, СИЛЕН, до ОЛУЕН ветер, силен електрични празнења и со појава на град.

Максималните температури во петок и во сабота ќе бидат пониски за околу 5 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени, додека од недела повторно ќе бидат во пораст а времето ќе биде стабилно, суво и сончево.

Услови за нестабилност, проследена со пороен дд, СИЛЕН ветер и грмежи утре попладне и навечер, како и во петок ќе има и во делови од Скопската котлина. Температурите во петок и во сабота ќе бележат тенденција на пат и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 35 степени, додека од недела повторно ќе бидат во пораст.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Утре попладне и во текот на ноќта кон петок, како и во петок во случај на појава на елкектрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на СИЛЕН ветер граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да не излегуваат на отворено.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време