Директорката на ММФ Кристин Легард предупредува дека постои опасност од нова економска бура во светот

Објавил: Сања Кукиќ | 11 февруари, 2019 14:08

Предупредување за нова светска економска криза

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард предупреди дека постои опасност од „економска бура“ во светот, од причини што растот на глобалната економија е помал од очекувањата.

Според Лагард, “четири облаци” се главните фактори кои ја поткопуваат глобалната економија и можат да ја донесат бурата.

“Меѓу овие ризици се тензиите во трговијата и воведувањето на санкции, финансиски проблеми, несигурност од исходот на Брегзит и забавување на кинеската економија”, рече Лагард.

Според неа, трговските тензии, пред се спорот околу царините помеѓу САД и Кина, веќе имаат глобално влијание. Лагард укажува и на ризиците ид се поголеми трошоци за позајмувањата кои ги вршат владите , компаниите и домаќинствата.

,,Кога има премногу облаци, потребна е само една молња за да започене бура,, додаде таа.

Минатиот месец ММФ го намали предвидувањето за развојот на глобалната економија за оваа година од 3,7 на 3,5 одсто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Реставраторите користеле електричен алат. Ги оставиле алатите меѓу 17 и 17.30 часот , а пожарот избувнал околу еден час подоцна.

ФОТО: Овој занаетчија е првиот осомничен за пожарот во Нотр Дам

Триесет и две годишниот Жулијен Ле Бра, кој е сопственик на мала занаетчиска компанија...

Во големо невреме кое ја зафати централна и западна Индија, денеска загинаа најмалку 47 лица. Ветерот во некои делови од местата достигнуваше и до 50 километри на час.

СМРТОНОСНО НЕВРЕМЕ: Индија ја зафати големо невреме, загинаа 47 лица !

Најмалку 47 лица загинаа денеска во големо невреме, која ја зафати централна и западна...

Веднаш по гасењето на пожарот во кои беа ангажијани петстотини пожарникари, од кои еден тешко повреден, крстот стоеше исправен и воопшто не бил зафатен од пожарот.

Вистинско чудо во Нотр Дам – страшниот пожар кој беснееше не успеал да уништи само едно нешто

Пожарот во катедралата Нотр Дам, кој беснееше со часови и кој со тага го следеше целиот...