понеделник, 16 декември 2019

MK/ EN/ DE



Од грчката метеоролошка служба соопштуваат дека во попладневните часови, невремето ќе ги зафати Јонското море, Пелопонез, западниот и северозападниот дел на земјата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јули, 2019 15:14

Предупредување: Ново невреме се спрема во Грција- еве каде ќе биде најкритично!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во соседна Грција се очекува ново невреме, при што националната метеоролошка служба со вонреден билтен, извести дека земјата е во опасност да биде зафатена од ново невреме проследено со силни врнежи од дожд, на некои места и град, силен ветер и бура, додека, пак, механизмот на противпожарната служба за справување со можни проблеми е веќе активиран по одржаниот вонреден состанок, јави дописничката на МИА од Атина.

Во попладневните часови, невремето ќе ги зафати Јонското море, Пелопонез, западниот и северозападниот дел на земјата, соопштуваат од грчката метеоролошка служба.

Претходно невремето во Грција, кое ја зафати на 11.07. 2019, однесе седум животи. Како што тогаш соопштија грчките медиуми петмина од загинатите се од Романија, Чешка и Русија, а животите ги загубиле во Неа Плагија, Созополи и Потидеа на Халкидики.

Противпожарната служба на Грција вчера одржа состанок за оперативната подготвеност на која присуствуваше и началникот на службата, а денеска на прес-конференција известија за донесените одлуки, но упатија и препораки и совети до граѓаните како да се заштитат.

– На состанокот беше одлучено одново да се активира операциониот план за справување со опасности од поплави и други непогоди во областите во кои што се очекува да се појави невремето. Механизмот на нашата служба ќе биде во состојба на готовност, со возила на различни локации, рече портпаролот на Противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис.

Тој додаде дека пожарникарите и возилата во деловите каде што се најавува невремето ќе бидат подготвени, доколку е потребно, за брза интервенција, а во соработка со Генералниот секретаријат за цивилна заштита биле известени сите инволвирани државни служби, како и перифериите и општините.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција упати совети и препораки до граѓаните за заштита од невремето: да избегнуваат да поминуваат пеш или со возила низ речни корита или надојдена вода и вирови; да избегнуваат работа на отворено или активности во близина на морето, како и рибарење; во случај да паѓа град да се засолнат во објекти или во возила се додека не помине невремето; да избегнуваат да поминуваат под големи дрва, висечки ознаки или под места каде што постои опасност за пад на предмети.

– Ги молиме сите граѓани, за нивна безбдност, да бидат особено внимателни и верно да ги следат упатствата на надлежните органи, рече портпаролот на грчката противпожарна служба на денешната прес-конференција, пренесе МИА.

Заменикот полковник на Противпожарната служба, Аристотелис Пападопулос, кој воедно е и метеоролог, објасни дека бурата „Адиноос” доаѓа од запад.

Извор МИА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Поранешниот амбасадор во Љубљана репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда на улицата „Тодор Александров“ во Скопје. Случајот го пријавил неговиот сосед А.Д. откако по кратка вербална расправија, во ходникот на зградата Димитровски извадил автоматска пушка и ја репетирал кон него.

Мицкоски не простува дивијантно однесување – лидерот на ВМРО бара итно разрешување на Томислав Димитровски кој впери пушка кон соседот

Христијан Мицкоски започна со разрешување во неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, тој реши...

Како што објави Пресинг ТВ, град Скопје склучил договор за набавка на  еден литар лозова ракија и коцки мраз во вредност од 450 денари.

Шилегов купил еден литар ракија и коцки мраз со народни пари

Граѓаните револтирани ја примија веста дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов...

Гратскиот татко истакна дека откако дојде СДСМ на власт конечно започнаа да се решаваат проблемите кои долги години биле ставани под тепих.

Шилегов: Ми викаат многу работиш ама не знаеш да се фалиш!

На денешниот завршен настан од караванот на СДСМ, наречен „На прав пат“ градоначалникот...


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial