Најново метео

Објавил: Владо Марин | 24 јули, 2021 19:47

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ТОПЛОТНИОТ БРАН КОЈ ШТО ДОАЃА ЌЕ БИДЕ ЕКСТРЕМЕН И ДОЛГОТРАЕН – ТЕМПЕРАТУРИТЕ БИ МОЖЕЛЕ ДА СЕ ИСКАЧАТ ДО РЕКОРДНИ 45°C

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Топлотниот бран кој е со потекло од југ (северните предели на Африка) и кој ќе ја зафати нашата територија следната седмица би можел да биде за паметење и долготраен, со оглед на тоа дека се очекуваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот и многу сонце.

Температурите на воздухот од утре па натаму ќе бележат тенденција на секојдневен пораст, а особено топло ќе биде од средината на следната седмица кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени. Не се исклучува можноста во централните, како и во југоисточните предели истите да се искачат до РЕКОРДНИ 45 степени.

УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10), па затоа граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, и да пијат што повеќе течности.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време