Во разузнавачката историја на Македонија никогаш немало незаконско прислушкување, имало класична злоупотреба на службените овластувања во системот од директорите на УБК

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 13:15

Пред да започни со работа, ОТА прво се консултирала со СЈО

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Оперативно техничката агенција (ОТА) од денеска и официјално почнува да работи со полн капацитет, согласно позитивните законски прописи.

Ова го информираа на денешната заедничка прес-конференција вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на ОТА, Зоран Ангеловски, согласно извештајот и препораките на работната група на Рајнхарт Прибе.

ОТА е создадена и ќе функционира како професионална агенција целосно независно тело, за кое, како што нагласи Ангеловски, не постојат никакви влијанија ниту од власта, ниту од опозицијата.

ОТА целосно ќе го штити безбедносниот интерес на граѓаните на РМ на етички и транспарентен начин. Ве уверувам дека не постои ниту теоретска, ниту практична можност за злоупотреба на механизмите. Тврдам дека нема да ни се повторат „бомбите“ и нема да имаме афери од минатото. ОТА е максимално добро поставена, системот е тестиран и одговорно тврдам дека незаконско прислушување нема и нема да има. – беше дециден на прес-конференцијата првиот директор на Агенцијата.

Според Ангеловски, моделот што е избран за функционирање на ОТА е соодветен на условите и е оптимално решение за Република Македонија. Систематизацијата е изготвена, подвлече, но тоа е класифициран документ. Согласно систематизацијата, 25 лица би била оптималната бројка вработени.

Во моментот ОТА функционира со технички кадар преземен од МВР односно со четворица од Бирото за јавна безбедност и тројца од Управата за безбедност и контраразузвнавање. Останатите вработувања ќе бидат преку јавен конкурс објавен на веб страницата на ОТЕ и во пишани медиуми.

Лично моја одлука беше за преземените вработени кои се селектирани, немав никакв притисок. Луѓето се максимално коректни и исправни во однос на она што се случувало порано и не биле вмешани на ниту еден начин во она што се случувало во УБК. Беше консултирано дури и СЈО за да провериме дали тие лица имаат некаква поврзаност со аферата. – истакна Ангеловски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести