Собраниска процедура

Објавил: Калина Мартинска | 11 март, 2025 10:47

Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Собранието денеска треба да ја одржи 40. седница, на чиј дневен ред се петте интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми. Зад иницијативата, поднесена на 7 февруари, застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за нивното заминување од функциите ќе треба да одлучат самите, а така налага и Законот за Судски совет.

Сиљановска-Давкова: Членови на Судскиот Совет наместо да ја бранат правдата, се претворија во скандал мајстори

Во образложенијата  за поднесените интерепелации објавени на собраниската веб-страна се посочува дека се поднесуваат заради недоследно спроведување на надлежности, особено заради негрижа, односно нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и на целиот правосуден систем, односно судството во целина.

СДСМ најави дека нема да гласа за петте интерпелации.

Чупеска: Помалку од 24 часа нè делат од најголемиот упад на извршната во судската власт

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.