Свет
Анализа
Прекинат преносот на гас преку гасоводот „Јамал-Европа“ од Русија до Германија!
Пумпањето на гас преку гасоводот Јамал-Европа од Русија до Германија е прекинато од вчера во 9 часот по московско време, покажуваат податоците на германскиот оператор Гаскад (Gascade) и на аукциската платформа ГСА Платформ (GSA Platform).
Гаспром вчера го закупи капацитетот на Јамал-Европа од околу 750.000 кубни метри на час, што претставува речиси 20 проценти од неговата вкупна достава.
Капацитетот руската компанија може да го користи од 08:00 часот по московско време на 4 март до 8:00 часот по московско време на 5 март.
Обемот на пумпање денеска од 8:00 до 9:00 часот по московско време бил 9.800 кубни метри на час, а од 9:00 часот по московско време преносот е целосно прекинат.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Анализа
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.