
Свет
Србија
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, донесе торта во кабинетот и ги почасти министрите, затоа што нејзиниот син бебето Игор, кое го роди нејзината партнерка Милица го прослави првиот роденден, дознава Курир.
– Атмосферата, пред да започне седницата на Владата, беше релаксирана, министрите и честитаа на Брнабиќ за роденденот на Игор. Јасно беше дека Премиерката беше пресреќна – открива изворот на Курир.

Милица синот го добила со вонтелесно оплодување, а поради бременоста последниве месеци не се појавуваше со Ана Брнабиќ во јавноста.
Партнерката на Ана Брнабиќ, Милица го роди својот син Игор пред една година. Премиерката во повеќе наврати истакна дека пристигнувањето на бебето во нивниот дом донело радост. Русокосата убава докторка Милица Ѓурѓиќ и премиерката на Србија Ана Брнабиќ (43) се во врска околу 10 години.
Убавата вест ја пренесоа многу светски медиуми, кои повеќе се фокусираа на хомосексуалноста на премиерката отколку на раѓањето на детето.
– Сè е променето, сè е различно. Ова е најголемата радост што ми се случи во животот – рече Брнабиќ во претходното интервју за курир.
Таа исто така изјави дека ќе ја дочека Новата година дома, бидејќи тоа беше прва нова година на Игор.
– Ова е прва нова година на Игор, имаме новогодишна елка и подароци и едвај чекам да бидеме заедно
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.