Продолжуваме со поддршката на родовата еднаквост и јакнење на влијанието на жените врз политичките случувања во државава.

Објавил: Сара Фемина | 2 септември, 2019 15:27

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ: „Драго ми е што има повеќе жени во Владата„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

По средбата со новата министерка за финансии Нина Ангеловска и заменичката Ширет Елези премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи напиша дека подготовката на ребалансот на Буџетот за 2019 година е во финална фаза и ќе даде поддршка на капиталните проекти и на новите мерки за повисоки плати и за подобри услуги за граѓаните.

– Драго ми е што се зголемува и бројот на жени во Владата на Република Северна Македонија. Продолжуваме со поддршката на родовата еднаквост и јакнење на влијанието на жените врз политичките случувања во државава. Министерката Нина Ангеловска и заменичката Ширет Елези ја имаат мојата целосна поддршка да управуваат со државната каса следејќи го интересот на граѓаните, напиша премиерот Заев.

Собранието на Република Македонија пред два дена во рамки на 110-та седница со 64 гласа „за“ и 18 против ја избра Нина Ангеловска за министер за финансии.

Нина Ангеловска е родена во Скопје на 13 јули 1988 година. Средно образование завршува во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин, во 2010 дипломира на универзитетот „Св. Кирил и Медотиј“ – Економски факултет на Департментот Е-бизнис како најдобар студент на генерација со постигнат успех од 9,94. Таа е добитник на Манинговата награда за најдобар студент на полето на економски науки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Факт е дека низ целата наша историја овде виреел и се негувал еден мултиетнички и мултиконфесионален општествен концепт, кој токму на овие македонски простори се покажал како најодржлив.

Кој и зошто го нуди концептот за „македонска политичка нација“?

Дефинициите за нација речиси во сите енциклопедии започнуваат со констатацијата дека...

Од досега спроведените мерки и активности на МВР за борба против уличното дилерство во текот на изминатите два месеца на територијата на Македонија запленети се вкупно околу 22 килограми марихуана

ДРОГА, АПСЕЊА И КОРУПЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Полициска акција на 54 локации во 24 градови(видео)

Во координирана полициска акција на 54 локации во 24 градови пронајдени и одземени се...