Тој рече дека само со владеење на правото може да се спроведат реформите и во другите области, со цел рамноправност со развиените земји.

Објавил: Перо Милчин | 27 февруари, 2021 8:10

Премиерот Заев за случајот Таргет-Тврдина: Испратена е пораката дека системот функционира

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем“, оцени премиерот Зоран Заев во врска со случајот со првообвинетиот во случајот Таргет-Тврдина, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

„Тоа што секој сегмент на нашето општетсво, а тоа е извршната власт, преку Министерството за внатрешни работи и тоа за правда, судската власт преку судовите и Обвинителството преку самите обвинители, го завршија својот дел од работата, за да нема каде да се крие, да бега, да калкулира, обвинето лице кое е пред изрекување на казна затвор, а тоа е Сашко Мијалков и се појави во Обвинителството, се предаде“, рече премиерот Заев.    

Целиот овој амбиент вчера ја испрати пораката дека системот може да биде ставен во функција, почитувајќи ги законите“, додаде премиерот Заев.

Тој рече дека само со владеење на правото може да се спроведат реформите и во другите области, со цел рамноправност со развиените земји.

Граѓаните треба да знаат дека 11-годишниот режим има оставено траги на коруптивен и влијателен начин, а сепак има разрешници на вака крупни случаи, коишто се симбол на борбата против криминалот и корупцијата“, констатираше премиерот Заев, додавајќи дека македонското правосудство, дел од предметите донесе до завршници во прв степен, дел предметите се завршени, а некои се пред пресуда, како што е овој важен случај со прислушувањето.

„Судиите се лицето на правдата. Ваквите процеси во ниедна земја не се едноставни, не се ни кај нас. Убеден сум дека мониторингот на нашиот народ и позитивниот притисок ќе придонесе да се забрзат овие постапки. Обвинителите и судиите никому ништо не должат.

Треба да ја зголемат ефикасноста, транспаретноста, делењето на правдата еднакво за сите, за да имаме реформирано правосудство како трајна придобивка“, порача премиерот Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Македониja.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Освен Фетаи во Вишото обвинителство во иднина ќе работат и обвинителите Бурим Рустеми, Наум Пановски, Сашо Трајчев и Снежана Георгиевска.

Советот за јавни обвинители ја понижи Ристоска: „Разочарана сум“, што не бев избрана за виш јавен обвинител

Во изјава за „360 степени“, обвинителката Ленче Ристоска не го криеше своето разочарување...

Обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од поранешното СЈО, како и Наташа Поп Трајкова од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Струмица и Катерина Колариќ од ОЈО Скопје ќе го засилат Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска.

Стефанова, Ајро, Пеливанов, Поп Трајкова и Колариќ се нови обвинители во тимот на Русковска

Тројца обвинители од поранешното СЈО и по една обвинителка од Скопје и Струмица ќе...

Претставниците на земјоделците го информираа претседателот Мицкоски дека обештетувањата уште не им се исплатени, иако поминал подолг период.

Мицкоски на средба со земјоделците од Арачиново и Гази Баба: Власта со години не им ги исплаќа средствата за обештетување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со претседателот на Комисијата...

Битиќи изрази задоволство со тоа што со овој инвестициски проект дополнително ќе се влијае на зголемување на извозот во нашата земја, а поради тоа што воведување на нова производна линија во погонот во Кавадарци и отворањето на новиот производствен погон во Куманово, ќе отворат нови можности за граѓаните од овие општини, но и ќе влијаат на локалниот економски развој.

Нова инвестиција во Кавадарци и Куманово во вредност од 16 милиони евра и околу 1000 нови работни места

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација...