Обврската Министер за финансии ќе ја преземе лично тој, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 јуни, 2019 13:09

ЗАЕВ: Јас ќе бидам МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ, Тевдовски ќе работи околу мене-ова се новите Министри!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот Заев обелодени дел од новите Министри во Владата. За нов Министер за финансии ќе застане премиерот.

Премиерот Зоран Заев, најави дека ќе достави предлог до Собранието за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Обврската за министер за финансии, покрај премиерската функција ќе ја вршам јас одреден период. Оваа одлука ја донесов заради тоа што оваа година ќе биде година за економијата. Тевдовски ќе работи околу мене, како советник. Следуваат храбри одлуки од кои бенефит ќе имаат сите граѓани“, рече Заев.

– Предлогот денеска ќе биде доставен до Собранието и верувам дека следната недела ќе биде ставен на дневен ред. Ќе доставам предлог за избор на министри во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Министер за култура Хусни Исмаили, Министер за локална самоуправа Горан Милевски. Министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки.

Тој се заблагодари до досегашните министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за култура Асаф Адеми, за финансии Драган Тевдовски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, за рамковниот договор Хазби Лика и за регулатива и инвестиции на домашни фирми Зоран Шапуриќ, за како што рече што и служеа на државата и народот извршувајќи ја функцијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според верувањата и обичаите, сите немажени девојки на големиот празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат.

Утре е Богојавление- сите немажени девојки треба да замесат тесто

Богојавление Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Според...

Исто така, за време на грабежот на 10 април 2009 година повредени беа и неколку граѓани кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.

Уапсениот “Пинк пантер“ во Тетово – ГО ИЗВРШИЛ ГОЛЕМИОТ ГРАБЕЖ ВО ПРО-КРЕДИТ БАНКА ПРЕД 10 ГОДИНИ

По 10 години бегство, лицето Р.И. (34) едно од осомничените за грабежот на “Прокредит банка“...

Претседателот Пендаровски очекува ваква поддршка од сите членки на Унијата, но и и конкретна временска рамка за старт на преговрите.

Меркел: Старт на преговорите за Македонија и за Албанија, а потоа секој по својот пат

Македонија и Албанија заедно да ги започнат преговорите со Унијата, а потоа да продолжат...

Оттаму потврдуваат дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.

Утринава во вооружениот грабеж во Тутунска банка одземени 8.700 евра – зошто ова банка е мета на крадците?

Уште еднаш НЛБ банка беше мета на крадците, нов вооружен грабеж се случи во Скопје. Во...