Премиерот Зоран Заев вели дека немал директни контакти со Спасовски надвор од протоколите, но и дека ќе направи тест за ковид-19.

Објавил: Владо Марин | 27 октомври, 2020 14:47

Премиерот Заев: Немав директен контакт со Оливер Спасовски

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Премиерот Зоран Заев вели дека немал директни контакти со Спасовски надвор од протоколите, но и дека ќе направи тест за ковид-19.

Во тек е епидемиолошка анкета за контактите што министерот Спасовски ги имал деновиве. По ова ќе се знае точно кој ќе добие решение за самоизолација.

Напоменуваме дека сите негови контакти биле со почитување на безбедно растојание и носење маска. Во однос на прашањето за контакти во владата, потсетуваме дека седниците се одржуваат преку видеоконференциска врска“, соопштија од МВР.

Премиерот Заев порача дека немал директен контакт со Спасовски надвор од протоколите, но и дека ќе направи тест на коронавирус.

„Немав директни контакти со Оливер Спасовски надвор од здравствените протоколи за лична заштита. Секогаш држевме дистанца и секогаш носевме маска согласно здравствените протоколи“, изјави Заев за „ТВ21“!

Спасовски вчера присуствуваше на настан на кој беа и премиерот Заев, како и министрите за земјоделство и за животна средина, Арјанит Хоџа и Насер Нуредини, сепак од владата, велат дека ги почитувале мерките и дека според протоколите не се обврзани да одат во самоизолација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

На новинарско прашање во врска со кандидатот за градоначалник на Битола, претседателот на СДСМ Заев одговори дека првите истражувања покажуваат фаворитска основа и за сегашнаа градоначалничка и за уште неколку квалитетни луѓе.

Заев: Со ДУИ, БЕСА и ДПА заедно ќе настапиме на локалните избори

Граѓаните се светост и само тие определуваат кој треба да биде избран за градоначалник...

Судот го ослободи од обвинение како поттикнувач во случајот Тортура за начинот на апсењето на лидерот на ОМ Љубе Бошковски во 2011, ден по изборите. Ослободени се и припадниците на алфите.

Мијалков и „Алфите“ ослободени од обвинение за случајот „Тортура“

По две осудителни, прва ослободителна преесуда за екс шефот на УБК Сашо Мијалков. Судот...

Спроводот следува откако Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда која сега веќе е правосилна, а со која таа е осудена на 7 години затвор, додека Јовановски на 9.

И Катица Јанева е спроведена во Идризово

По Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во затворот во Идризово е спроведена и поранешната...

Силјановска Давкова: Ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за Бехтел и Енка договорот затоа што немаше реална аргументација од власта

Ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за Бехтел и Енка договорот затоа што немаше реална аргументација од власта

На вечерашната трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во општина...