Премиерот з амедиумите истакна дека оваа власт покрај инвестирањето во нови градинки, исто така се вложува и во луѓето кои ги обликуваат идните генерации.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 декември, 2019 8:52

Премиерот Заев отвори градинка во родното Муртино

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран заев вчера отвори градинка во родното Муртино. Тој истакна дека за две години на територијата на целата наша земја се изградени околу 70 градинки по што посочи дека ваква иницијатива за толку кус период не е забележано во историјата на државата.

-Пред неполн месец министерката за труд и социјална работа Мила Царовска потпиша договори за грантови за изградба на нови градинки со пет општини во вкупен износ од 228 милиони и 100 илјади денари. Во новите градинки се отвора простор за 70 нови деца. За прв пат по подолго време во нашата држава ќе се градат големи објекти, бидејќи ја препознаваме клучната улога на предучилишното образование за раст и развој на децата, потенцираше премиерот Заев.

Премеирот во заминување на вчерашното отварање на градинка во неговото родно Муртино рече дека децата се нашето богатство, нашиот силен потенцијал и грижата за нив, а нивниот ран и правилен развој е врвен приоритет.

Премиерот з амедиумите истакна дека оваа власт покрај инвестирањето во нови градинки, исто така се вложува и во луѓето кои ги обликуваат идните генерации.

-Само оваа година обезбедивме 1.400 согласности за вработување во градинките. Почнувајќи од јунската плата, којашто на поголемиот дел од вработените веќе им е исплатена, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 проценти, што е околу три илјади денари во нето износ по вработен, рече премиерот Заев.

Мила Царовска министерката за Труд и социјала истакна дека важно е што како тие како Влада инвестираат во раниот детски развој.

-Ги поттикнуваме општините да размислуваат за детската заштита како приоритетно прашање на локално ниво и тоа го правиме заедно со нив. Токму затоа, Општина Струмица може да се истакне дека навистина вложува.Тука, веќе во ова година, отворивме или се отвораат две градинки во населени места, а дополнително во градот се прошири капацитетот и за наредната година има инвестиција во локалните општини кои се овој регион уште минимум три градинки, рече министерката Царовска.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Претседателот Пендаровски очекува ваква поддршка од сите членки на Унијата, но и и конкретна временска рамка за старт на преговрите.

Меркел: Старт на преговорите за Македонија и за Албанија, а потоа секој по својот пат

Македонија и Албанија заедно да ги започнат преговорите со Унијата, а потоа да продолжат...

Оттаму потврдуваат дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.

Утринава во вооружениот грабеж во Тутунска банка одземени 8.700 евра – зошто ова банка е мета на крадците?

Уште еднаш НЛБ банка беше мета на крадците, нов вооружен грабеж се случи во Скопје. Во...

За потсетување, централен регистар го избрка од работа Емил Јакимовски- Гусар, кој изминатата недела им се закануваше и ги навредуваше новинарките Мери Јордановска од „А1ОН“ и Искра Коровешовска од „Алфа ТВ“, како и на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. Директорката на Централен регистар Марија Бошковска Јанковски преку Фејсбук соопшти дека Јакимовски е отпуштен поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор.

Полицијата го уапси Емил Јакимовски за семејно насилство

Лицето Е.Ј. е приведено во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство,...

Како што соопштија градските власти на Фејсбук, непознати сторители деновиве на јужната страна на врвот на Водно уништиле видиковец.

СКОПЈАНИ ПРОДОЛЖУВААТ СО ДИВИЈАНТНОТО ОДНЕСУВАЊЕ – уништени објектите на Водно

Дивијантното однесување на скопјани се уште можеме да го видиме на падините на Водно,...