За потсетување, во аудио и видео снимките кои ги објави италијанскиот веснинк Ла Верита можеше да се слушне како Боки 13 во разговор со камчев го споменува името на премиерот Зоран Заев и вели дека тој нема да прави проблеми. Боки го убедува Камчев дека претходно разговарал со премиерот во врска со него.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 август, 2019 13:39

Премиерот Заев се закани: Ќе го тужам новинарот кој обвини дека сум бил вмешан во „Рекет“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако порталот Инфомакс, ја објави првата страница од исказот на Јордан Камчев за случајот Рекет, премиерот Зоран Заев се закани дека ќе го тужи новинарот кој објавил дека и тој е вмешан во случајот.

Ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот. Не е точно. Отфрлав секаква поврзаност со Боки 13 поврзана со случајот „Рекет“. Обврска на Обвинителството е да каже дали тоа е така кажано. Објавена е една страна од записникот, а потоа е прераскажувано. Доколку новинарите прават манипулации, има одговорност. Ги повкувам Ременска, Шекеринска и Димитров заедно со мене да поднесат тужба, за да се потврди дека се лаже. Рускоска да кажe дали се точни наодите или не, дали тоа е лага или не. Но, во секој случај, јас како граѓанин ќе го тужам новинарот кој тоа го направил, рече Зоран Заев.

За потсетување, во аудио и видео снимките кои ги објави италијанскиот веснинк Ла Верита можеше да се слушне како Боки 13 во разговор со камчев го споменува името на премиерот Зоран Заев и вели дека тој нема да прави проблеми. Боки го убедува Камчев дека претходно разговарал со премиерот во врска со него.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Од МВР потврдија дека на Бујар Османи ќе му биде поднесена прекршочна пријава поради кршење на Законот за патен сообраќај.

Османи заработи прекршочна пријава за зборување по телефон додека вози

Бујар Османи си заработи пријава за сторен сообраќаен прекршок по законот за безбедност...

Тој во моментов работи и во затворот во Идризово, а два пати во неделата доаѓа и во Истражниот затвор во Шутка.

Ова е затворскиот пензиониран психијатар кој ја лекува Катица Јанева во Шутка!

Затворскиот психијатар Мирко Треневски кој пред половина година замина во пензија,...

Таа пред своите колеги тогаш истакна 'Се може да пропадне само СЈО не'. Убедливо и решително се обрати тогаш Катица Јанева на своите колеги во изјава дадена пред целиот колектив пред околу 3 години.

ВИДЕО: Јавно ветување кое Катица Јанева не го исполни и ги извиси своите колеги

Разрешената обвинителка Катица Јанева која беше на врвот на СЈО, по се изгледа не си...