– Верувам дека уште на почетокот на идната седмица со објавувањето во Службен весник, вчерашни одлуки ќе ја испратиме нотата од нашето МНР до МНР на Грција.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 јануари, 2019 14:15

Премиерот Заев : “Фала богу не ни треба потпис од Иванов”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Одлуките за уставните измени за имплементација на Договорот од Преспа и за измените на Уставниот закон денеска ќе бидат објавени во „Службен весник“, со што тие стапуваат на сила.

На денешната прес конференција премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање, за тоа што зошто претседателот Ѓорге Иванов одбива да потпише ваква одлука, Заев изјави дека неговиот потпис не е потребен.

-Фала Богу и не треба потпис на новата одлука од претседателот Иванов. Вчера заедно со измените, Собранието донесе и проглас за амандманите и проглас за Уставниот закон, рече Заев.
Заев додаде дека веднаш по објавувањето во Службен весник македонското МНР ќе испрати известување до грчкото МНР.
– Верувам дека уште на почетокот на идната седмица со објавувањето во Службен весник денеска на донесените вчерашни одлуки ќе ја испратиме нотата од нашето МНР до МНР на Грција да знаат дека е завршен нашиот процес. Веднаш после тоа тие влегуваат во нивниот процес за ратификација на договорот, а веднаш после тоа и за ратификација на протоколот за членство во НАТО.

Премиерот Заев во неколку наврати го користеше името Република Северна Македонија иако уште не е стапен во сила Договорот, а причина за тоа, како што рече, е да укаже на сериозноста на одлуката што е донесена во македонскиот Парламент.

 Со тоа стапува во сила Договорот од Преспа. Следува нашата обврска да пуштиме писмо до сите земји во светот за одлуката што ја донесе македонскиот Парламент, тоа е дел од обврската од Договорот и тоа ќе го направиме, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.
– Да, спомнав, за да сфатат граѓаните, првин од устата на премиерот, за сериознаоста на одлуката што е донесена во нашиот Парламент. Договорот стапува во сила откако ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент. Примената е јасно опишан внатре. За меѓународна употреба стапува веднаш, за домашна употреба со отварање на поглавјата не повеќе од пет години е опишано детално. Но дефинитивмо, тоа е решението кое го прифативме и кои ги отвора перспективите на целиот наш народ и нашата земја, истакна премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.