Премиерот Зоран Заев денеска во Брелин ја прими наградата за човекови права за 2020 година што ја доделува Фондацијата „Фридрих Еберт”.
Наградата за извонредни достигнувања во сферата на човековите права на македонскиот претседател на Владата му ја врачи Хеико Мас, Министерот за надворешни работи на Германија.
Од Фондацијата „Фридрих Еверт“ посочуваат дека преку наградата за оваа година е важно да се нагласат успесите на оние кои се спротиставиле на негативниот тренд во кој голем број авторитарни режими ги ограничуваат човековите права.
„Ваков светол пример за надеж е Зоран Заев, Претседателот на Владата на Република Македонија.
Успесите на Заев не се основаат само на фактот дека неговата Влада го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија во 2017та година или потпишувањето на Договорот од Преспа со Република Грција со кое се стави крај на 27-годишниот спор за името, туку пред сѐ во самата Македонија.
Уште повеќе, како предводник на опозицијата, Заев се издвои како личност од исклучителна важност во борбата за граѓанските и човековите права на сите Македонци, со што на мирен начин се залагаше за нови избори во рамки на движењето „Шарена револуција“.
По бројните разочарувања, реформираната политиката на Заев уште во март доведе до позитивна одлуката на државите-членки на ЕУ да ги започнат преговорите за пристапување на Македонија во Европската Унија, што во голема мера го изгради патот за влез на Северна Македонија во НАТО, како нејзината 30-та членка“, велат од Фондацијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.