Премиерот на грузиската сепаратистичка област Абхазија, Генадиј Гагулија, загина во сообраќајна несреќа, по што кај шоферот е откриено присуство на наркотични супстанци

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 12:30

Премиер загина во сообраќајка по посетата на Сирија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот на грузиската сепаратистичка област Абхазија, Генадиј Гагулија доцна синоќа загина во сообраќајна несреќа додека се враќал од аеродром по посетата на Сирија, изјави секретарката на регионалната влада Дијана Зантарија.

Во автомобилот, во кој се наоѓал премиерот, удрило возило од спротивен правец, управувано од млад жител на Абхазија.

При анализата не било откриено присуство на алкохол кај младиот возач, но затоа бил позитивен на наркотици. Обвинителството веднаш поднело кривична пријава против него.

Во несреќата биле повредени возачот на Гагулија и еден телохранител, но брзо биле пуштени од болница. Во колоната која патувала со Гагулија се наоѓал и претседателот на Абхазија, Раул Хаџимба, но тој не е повреден.

Абхазија се наоѓа на брегот на Црно Море, во северозападниот дел на Грузија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.