
Македонија
Култура
Актерката од Драмски театар – Скопје, Сања Арсовска, на својот официјален фејсбук профил напиша дека премиерот Заев барал да се поништат решенија за директори, кои веќе биле донесени од комисија и потпишани од министерот за култура.
„Се обидувам да си објаснам како е можно Премиер на држава, кој ниту разбира, ниту го интересира уметност, да се јави во Министерство за култура и да поништува решенија за директори веќе донесени од комисија и потпишани од министер“, наведува во објавата Арсовска, која додава дека со ваква постапка се доведува во прашање имиџот на министерството предодредено да ја извршува таа работа.

Според актерката, ваквата постапка е јасна порака до уметниците и сите млади надежи дека уметничките потенцијали може, како што вели, да си ги фрлат во бунар.
„Со тоа дава јасна порака дека сите оние кои се бореле за поинакви вредности се идиоти што идеализирале здраво општество и што верувале дека на чело на институција ќе бидат поставени објективно најдобрите кандидати“, пишува Арсовска.
Дополнително, во коментар на истата објава, актерката појаснува дека во петокот бил краен рок за објавување на резултати од конкурс за директори, за кои решенијата веќе биле изготвени, но во и последен момент повлечени и тоа по барање на премиерот.
Таа вели дека Министерството со обидело да направи избор на најсоодвените кандидати, но со својата постапка премиерот покажал дека тоа не е од примарно значење во сферата на уметноста.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.