Откако верниците се прекрстуваат три пати, треба да ја изговорат молитвата на света Петка.

Објавил: Сара Фемина | 26 октомври, 2020 9:49

ПРЕПОДОБНА МАЈКА И ЧУДОТВОРКА: Утре се слави Св. Петка, за многу години Петковден

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Православните верници на 27 октомври, ја празнуваат Преподобна Параскева-Петковден, или кај народот позната како света Петка. Ова светица била заститничка на сиромашните и болните.

Денес, еден ден пред празникот, народот верува дека веднаш по вечерата треба да се оди на спиење.
Откако верниците се прекрстуваат три пати, треба да ја изговорат молитвата на света Петка.
 Родителите ѝ биле богати христијани од словенско потекло, а освен Петка, имале и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал епископ Малитски.

Преподобна мајка и чудотворка Параскева

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27/14 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка.

Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка.

Се празнува на 26 јули/8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останалаа неповредена, а од течноста му прснало во очите на императорот по што ослепел.

Параскева се помолила на Бога и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале со нејзино посредство, многумина ја примиле христијанската вера. Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите и биле пренесени во Цариград. На иконите света Петка Римјанка во рацете држи чинија во која има очи.

Втората е светата маченица Параскева од Иконија, Мала Азија, којашто маченички загинала за време на Диоклецијан. И таа била единствено дете на своите родители поради што со големо внимание и љубов била воспитувана во христијанската вера.

Параскева била уште малечка кога починале нејзините родители, а таа нивниот имот го користела за помагање на сиромашните, болните, странците и сл. При големите прогони на христијаните што се случиле во времето на Диоклецијан настрадала и таа. Била фатена во 303 година и била предадена на судијата. Тој пак, изненаден од нејзината убавина, и понудил да стане негова невеста и – ветувал богат и раскошен живот. Таа го одбила сето тоа изјавувајќи дека сака да остане верна на својот Бог, Исус Христос.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Тој вели дека јазикот и негова соодветна азбука се дел од генетскиот код на еден народ и се произлезени од универзалното право на самоопределување. Во тој генетски код се елементите на идентитетот и потенцијалите за комуникација, општествена интеграција, за образование и развој.

Заев за Денот на албанската азбука: Јазикот e дел од генетскиот код на еден народ

Премиерот Заев го честиташе денот на албанската азбука! Денот на создавањето на албанската...

Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Св. Архангел Михаил ќе ги исполни вашите молитви и желби

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата...

Длабочината на Храмот е околу седум метри. Завршувањето на криптата и неговото сликарство ги благослови покојниот патријарх Павле во 2001 година.

Патријахот Иринеј ќе почива ВО НАЈУБАВИОТ ХРАМ ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАД: Ова е местото!

– Неговата Светост Патријархот Иринеј најверојатно ќе биде погребан во криптата...