Како што е општо познато градоначалникот на Скопје Петре Шилегов е голем љубител на тротинети, па така при една проверка на Електричен тротинет во Скопје го „здрма струја„
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов при обука на електричен тротинет доби мал електричен шок. Како што можеме да забележиме на видеото Шилегов демонстрираше при обуката на електричниот тротинет.
Објавите следуваат откако градоначалникот Шилегов овие месеци се најде на мета на социјалните мрежи, по објавата дека на работа оди со електричен тротинет со цел да придонесе во подигање на свеста кај граѓаните во Скопје, за намалување на загадениот воздух. Граѓаните коментираат дека Шилегов наместо да се слика и реално да се зафати со решавање на проблемите во Скопје, тој се слика на електричниот тротинет како врти кругови низ главниот град.
“За разноразните хејтери (кои, кога ќе размислам, всушност, се мразат самите себеси), повторно од работа накај дома .И да, денеска преку 65 километри. На состаноци, средби. Се може кога се сака. Сакајте го Скопје”, на својот ФБ-профил објави скопскиот градоначалник.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.