Во текот на вчерашниот ден на повеќе места температурите на воздухот надминаа 30 степени, најтопло беше во Гевгелија каде температурата на воздухот се искачи до 36 степени.

Објавил: Стојче Бушин | 29 јуни, 2020 21:13

ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТНИОТ БРАН – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ БИДАТ УШТЕ ПОВИСОКИ А УВ ИНДЕКСОТ ЌЕ БИДЕ ЕКСТРЕМЕН

Фото/Текст извор: ©Метео аларм/Магазин.мк

Територијата на нашата држава е под влијание на врел бран кој продира од северните предели на Африка и истиот условува многу топло време, односно многу високи температури на воздухот.

Во текот на вчерашниот ден на повеќе места температурите на воздухот надминаа 30 степени, најтопло беше во Гевгелија каде температурата на воздухот се искачи до 36 степени.

 Денеска ќе биде уште потопло, па така до крајот на денов максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени. Слични температури ќе имаме и во текот на следните неколку денови, што значи и понатаму ќе продолжи продорот на многу топол воздух од северните предели на Африка кон нашата држава.

Во вакви услови, УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА до ЕКСТРЕМНА вредност  и ќе има коефициент некаде од 9 до 10.

Затоа граѓаните да се држат на препораките, односно доколку излегуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да понесат заштитна опрема (капа  и наочари за сонце), исто така да се конзумираат и што повеќе течности, особено вода.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Времето денеска: Сончево и топло со мала локална облачност

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе...

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во крајните југоисточни предели истата има услови да достигне до околу 35 степени.

Времето во Македонија: Сончево со мала локална облачност

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб...

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Времето денеска нестабилно со појава на дожд, од среда стабилизирање!

Денеска времето во нашата држава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална...