Корисни совети

Објавил: Сара Фемина | 28 јуни, 2022 7:05

ПРЕПОРАКИ ЗА НАСЕЛЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТНИ БРАНОВИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Топлотните бранови веќе започнаа, а МНОГУ ТОПЛОТО време во Македонија ќе се задржи уште долг период, и истото ќе биде честа појава ова лето.

ПРЕПОРАКИ ЗА НАСЕЛЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТНИ БРАНОВИ
КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ ПРИ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ!

ЗА ВОЗРАСНИ

За време на топлотни бранови, Вашето здравје може да се влоши брзо. Треба да се преземат одредени мерки на претпазливост за да бидете поудобни и да ги намалите здравствените ризици за Вас и Вашите најблиски.

Освежувајте се често:

  • Бидете добро хидрирани. Пијте 6-8 чаши безбедна вода дневно.
  • Често туширајте се, за да се лади телото.
  • Поминувајте најмалку 2 часа на ден во климатизирани места (библиотеки, трговски центри и сл.).

Заштитете се од топлина:

  • Ограничете го физичкиот напор. Ограничете ја физичката активност, особено во средината на денот, кога е најтопло.
  • Носете светла облека и лесна облека, наочари за УВ заштита и капа.
  • Користете креми со заштитен УВ фактор.
  • Следете ги препораките на здравствените установи од Вашиот регион.
  • Избегнувајте непотребно излегување надвор во период од 10 до 17 часот.
  • Одбегнувајте алкохол и акохолни пијалоци, како и пијалоци шо содржат кофеин како и екстремно ладни пијалоци.
  • Избегнувајте премногу масна и високо калорична храна, како и храна која содржи шеќери.

 

ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА

За време на топлотни бранови, здравјето на бебињата и децата може да се влоши брзо. Треба да се преземат одредени мерки на претпазливост за да им биде поудобно и да се намалат здравствените ризици.

Хидрирајте ги Вашите деца:

  • Дајте им чаша вода на секои 20 минути.
  • Почесто доете го Вашето бебе.

Освежувајте ги Вашите деца често:

  • Во базен или во бања или туш најмалку двапати дневно.
  • Освежете ја кожата со влажна крпа неколку пати на ден.

Заштитете ги Вашите деца од топлина:

  • Облечете ги во лесна облека.
  • Покријте ја главата со широка шапка.
  • Никогаш не ги оставајте сами во слабо вентилирана просторија.
  • Никогаш не ги оставајте сами во затворен автомобил изложен на директно сонце.

Ограничете ја нивната изложеност на топлина:

  • Ограничете ги нивните активности на отворено, како што се спортските натпревари и други физички активности во најтоплиот дел од денот.
  • Планирајте активности на отворено пред 10 часот и по 15 часот. Кога топлината е помалку интензивна и Ув зрачење.

Акутни ефекти како резултат на изложеност на високи
температури, како што се сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви, функционални нарушувања на централниот нервен систем и други. Сите овие негативни ефекти се превентабилни, односно можеме да ги спречиме.

Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место колку што е можно побрзo. Веднаш напиjте се вода или негазиран минарален пијалак за да се рехидрирате. Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на студено место и напијте се течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час. Ако некој член на Вaшето семејство или лице на кое помагате има топла и сува кожа или е во бессознание, веднаш повикајте 194!

Додека се чека итната медицинска помош префлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и колковите; отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени облоги на вратот, пазувите и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода;

Хронично болните, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да се консултираат својот матичен лекар.

Други можни ризици по здравјето при високи температури се:

  • Труење со храна и појавата на цревни заразни заболувања!
  • Пред употреба задолжително е миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) со безбедна вода за пиење.
  • Термичка подготовка на храна и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фиржидер на +4оС, а пред употребата да се загрее на +100оС.
  • Избегнувајте прехрамбени производи кои термички не се обработени, и бидете внимателни со консумација на сладолед и разни кремови.
  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...

На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца.

Денес се вапцаат јајца- првото велигденско јајце има посебна моќ!

Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното...