На 09.11.2024 во 23.50 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, откако му бил одбиен влез во државата, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Д.С.А.Д.(34) од Бразил, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При претрес над бразилскиот државјанин од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“ во соодејство со Царинска управа, при што е употребено и службено куче од мобилен тим од Царинската управа, во еден од двата куфера на Д.С.А.Д. биле пронајдени два килограма кокаин.
Извршен е службен разговор со Д.С.А.Д., кој признал дека бил ангажиран од македонски државјанин за надомест од 5000 евра да го изврши транспортот на дрогата од Сао Паоло до Скопје.
Врз основа на прибрани сознанија за лица инволвирани во транспортот на дрогата, во содејство со СВР Охрид, по претходно издадена наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, бил извршен претрес во Охрид кај браќата Ќ.Н.(36) и Х.Н. (28), кои по претресот се лишени од слобода.
Исто така, од страна на полициски службеници од ОВР Струга се извршени претреси на две локации, кај С.К. (36), за кого е распишан и распис за приведување. Од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на два килограми кокаин.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.