Синоќа од страна на минувачи бил пронајден на улица претепан човек, кој се задобил со тешки повреди на главата.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски изјави дека повредениот човек бил пронајден пред угостителски објект во Тетово. Веднаш пристигнала итна медицинска помош, но откако лекарите му пружиле медицинска помош, установиле дека има тешки повреди на главата, по што веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
-Десеттина минути по полноќ, во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Борис Кидрич” во Тетово, пред угостителски објект, било забележано машко лице кое лежело на улицата и имало повреди. Набрзо лицето е пренесено во тетовската клиничка болница и утврдено е дека станува збор за 43-годишниот тетовец А.А., изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Претепаниот и повреден А.А. откако ја добил потребната нега од медицинските лица се освестил и изјавил дека бил физички нападнат од неколку непознати лица и удрен со тврд предмет по главата.
Полицијата работи на расветлување на случајот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.