Од извршената контрола е утврдено дека во објектот се врши дејност после 18.00 часот, спротивно на мерките за спречување на пандемијата со ковид-19.

Објавил: Сара Фемина | 16 јануари, 2021 16:46

Претреси во Охрид, затворен угостителски објект, сопственикот заработи две кривични пријави

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 16.01.2021 во 01.30 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога  оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции и Државен пазарен инспекторат извршена е контрола во угостителски објект на ул „Железничка“ во Охрид, сопственост на Д.Т.(30) од Охрид, при што било утврдено дека објектот работи и покрај претходно изречената забрана за работа и ставената пломба на 06.01.2021 од страна на Државен пазарен инспекторат, а  и притоа внатре биле затечени сопственикот, четири лица од персоналот, 18 гости и 11 странски државјанки од Русија и Украина.

Од извршената контрола е утврдено дека во објектот се врши дејност после 18.00 часот, спротивно на мерките за спречување на пандемијата со ковид-19.
 
При претресот, извршен со наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Охрид,  пронајдени се и одземени поголема количина на парични средства сместени во посебни нумерирани кутии, мобилни телефони и техниката за видео надзор.
За настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид, по чија насока од слобода се лишени сопственикот и сите лица затекнати во објектот, против кои ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од Кривичниот законик.
 
Инспектори од Одделението за странци при РЦ Запад, по насока на Јавен обвинител, против 11 лица – странски државјанки ќе поднесат соодветен поднесок и истите ќе бидат спроведени пред Судија за претходна постапка поради тоа што биле без регуларен престој во државата и без работна дозвола.
 
Од страна на Државниот пазарен инспекторат угостителскиот објект во Охрид повторно е пломбиран и има забрана за вршење на дејност во времетраење од 30 дена, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава и за претходното кривично дело –  оштетување и кинење на пломба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Премиерот Заев, заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, денеска го најавија почетокот на реконструкција на Универзалната сала, за чија цел се промовира проектот изработен од архитектот Бујар Муча.

Заев: Одвоивме 120 милиони денари за реконструкција на Универзална сала – Скопје во постојниот облик, современа и енергетски ефикасна

„Универзална ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит, задржувајќи го...

Таа ја потенцираше транспарентната постапка за избор на професионалната Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која има задача ефикасно, објективно, независно и принципиелно да работи во интерес на граѓаните.

Шахпаска: Убавината на општеството ја прават различностите, денес го одбележуваме 1 март – Ден на нула дискриминација

По повод 1 март – Денот на нула дискриминација, министерката за труд и социјална...

Пописот е добар пример преку нашата проактивна улога да демонстрираме одговорност и посветеност кон дијаспората, која има важна улога во севкупните процеси на земјава.

Од понеделник стартува пописот, за првпат се попишува и дијаспората

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на заедничка прес-конференција со...

Вакцините од Кина беше најавено дека ќе пристигнат во февруари. Станува збор за 200.000 вакцини за кои Министерството за здравство потпиша договор за набавка и со кои практично требаше да започне масовната имунизација на населението.

ВРАТЕН АВАНСОТ ЗА КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ

Кина го повлекла авансот што Македонија го уплатила за вакцините против КОВИД. Од Министерството...