ОЈО за акцијата во МВР

Објавил: Калина Мартинска | 5 февруари, 2025 15:23

Претреси на 16 локации за злоупотреба при спроведување тендери од вработени во полицијата

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Министерството за внатрешни работи (МВР) води предистражна постапка во предмет за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи во МВР во врска со спроведена јавна набавка во полицијата. За ова денеска информира Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, по чија наредба се води предистражната постапка.

На барање на јавен обвинител, до овој момент се извршени претреси на 16 локации.

„Имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа постапката, не сме во можност да споделиме повеќе детали во моментов“,информираат од ОЈО Скопје.

Според неофицијални информации објавени од дел од медиумите, полициската акција во просториите на Министерството за внатрешни работи од утринава се однесува на истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.