Повеќе од три часа

Објавил: Калина Мартинска | 18 март, 2025 13:27

Претрес во Општина Кочани, се одзема документација поврзана со дискотеката „Пулс“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“.

Петмина осомничени за пожарот во Кочани пренесени во затворот во Шутка

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но од Обвинителството засега нема официјална информација дали нивни обвинители се влезени во општинската зграда.

Не го штитиме градоначалникот на Кочани и Свети ВМРО да е, ако е крив ќе одговара, рече Мицкоски

Во дискотеката „Пулс“ во Кочани рано утринава во неделата во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Меѓу загинатите се и членови на бендот „ДНК“ кој настапувал таа вечер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести