По смртта на иранскиот претседател

Објавил: Калина Мартинска | 20 мај, 2024 9:59

Претседатели кои загинале во воздушни несреќи, меѓу нив и Борис Трајковски од Македонија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Борис Трајковски, претседателот на Македонија, почина во Босна во 2004 година.

Откако загина претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, вчера во трагична несреќа откако хеликоптер се урна во иранската планинска провинција Источен Азербејџан, меидумите потсетуваат кои претседатели го имаат изгубено животот додека ја вршеле функцијата.

Рано утринава беше потврдено дека иранскиот претседател загинал заедно со министерот за надворешни работи и целиот негов тим додека се враќал од службена посета на Азербејџан.

Со смртта на Раиси, беше продолжен списокот на светски лидери кои го завршија животот во авионски и хеликоптерски несреќи. Меѓу нив е Борис Трајковски, претседателот на Македонија, кој почина во Босна.

Список на лидери:

Претседател на Парагвај (1940)

Претседател на Филипините (1957)

Претседател на Бразил (1958)

Претседател на Ирак (1966)

Претседател на Бразил (1967)

Претседател на Боливија (1969)

Претседател на Еквадор (1981)

Претседател на Мозамбик (1986)

Претседател на Пакистан (1988)

Претседател на Руанда (1994)

Претседател на Бурунди (1994)

Претседател на Македонија (2004)

Претседател на Полска (2010)

Поранешен претседател на Чиле (2024)

Претседател на Иран (2024)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.