Живот
Настани
Стево Пендаровски од годинава најави нов концепт на прослава за 2 август. На прославата ќе дојде Али Ахмети, а поканет е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Претседателот Стево Пендаровски ги кани лидерите на сите политички партии за Илинден да дојдат на прослава во Крушево. Државниот врв најавува нов концепт за прослава на 2 август, за разлика од досегашните одделни чествувања на државниот празник.
На поканата на Пендаровски за прославата позитивно одговорил лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Претседателот во Крушево го очекува и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Пендаровски на брифинг со новинарите соопшти дека ја менува традицијата по 30 години со цел да се избегнат поделби. Идејата е сите политичари да дојдат во Крушево, да нема поделби и тоа да биде симболичен чин на обединување. Според досегашната пракса, празникот се одбележуваше во Крушево, Пелинце и во Скопје.
Годинава во Крушево нема да има говор на претседателот Пендаровски. Централната манифестација ќе се одржи во 18 часот наместо на пладне, со цел да можат да присуствуваат и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој ќе оди на одбележувањето на празникот во Скопје и премиерот Зоран Заев кој ќе биде во Пелинце.
Програмата ќе почне со читање на илинденски пораки и Крушевскиот манифест. Пораките ќе ги чита актерот Никола Ристановски, потоа ќе настапи Влатко Стефановски. По нив следуваат настапите на Танец, на Албанскиот ансамбл и на Воениот оркестар.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Настани
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.