Според неа, одговорот деновиве го даде германскиот претседател пред вратите на германско-рускиот музеј во Берлин, кога и упати остра критика на Украина.

Објавил: Владо Марин | 22 јуни, 2021 7:03

Претседателот е прв во меѓународните односи, а не самокрунисаниот републиканскиот монарх – господинот Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеничката од рeдовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова во вчерашниот “Утрински брифинг” околу утрешниот состанок на Советот на Европа и односите Македонија-Бугарија посочи дека премиерот не е овластен ниту според Законот за надворешни работи, ниту според Законот за склучување и ратификација и спроведување на меѓународните договори, бидејќи зборуваме за имплементација на спогодбата.

-Мене ме шокира и молкот на Претседателот на државата. Претседателот е прв во меѓународните односи, а не самокрунисаниот републиканскиот монарх – господинот Заев. Очигледно на нашиот сосед му одговара ваков профил на човек. Особено во еден деформиран премиерски систем. Како Бугарија дојде на оваа позиција? Таа дојде институционално во Парламентот, а не вон институционално. Не во неформални групи, не во неформално постапување, туку во Бугарскиот парламент, истакна Силјановска-Давкова.

И според Копенхагеншките критериуми не постои вакво нешто како што и се случува на Македонија, рече таа.

И прашањето е зошто европското семејство не препушти на милост и немилост на соседите. Но, не ме чуди ова што се случува, затоа што од Република Македонија што значи државата Македонија не географска Македонија и не историска и етнографска Македонија, туку државата Македонија, ќе се трансформирате во Република Северна Македонија тогаш ќе станете географија. До вчера слушавме дека Македонија е грчка, а сега слушаме дека Македонија е бугарска. Шокирана сум. Реторика како од меѓу балканските војни. Срамно, децидна е таа.

Според неа, одговорот деновиве го даде германскиот претседател пред вратите на германско-рускиот музеј во Берлин, кога и упати остра критика на Украина.

Токму е повика на вредностите, на антифашистичките вредности. Уште еднаш се извини како горд Германец за она што се случувало и рече дека тоа нема заборав. Нашиот сосед тоа не го сфаќа. Не е само нашиот сосед виновен, кај нас има елементи на идиократија. Е тогаш се е можно. Можно е да бидеме навредувани како нација, да се разговара за нашиот јазик идентитет и така натака, изјави Силјановска-Давкова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Во случајот со разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски се работеше за спроведување на Законот за спроведување на К-5 Програмата, односно за распоредување на работни задачи на административни службеници, кои се примени на работа, земаат плата, а не работат“, рече премиерот!

Функционерите се должни да преземат политичка одговорност, вели Заев

Заев: Функционерите се должни да преземат политичка одговорност, да ги спроведуваат...

Во првите десет години во тој период БДП е зголемен за 4 милијарди 185 милиони евра а долгот за 2 милијарди 720 милиони евра или зголемен е БДП за една и пол милијарда.

Мицкоски го матира Заев: Доста со бајките, цените на млекото, зејтинот, бензините се покачени за неколку пати

Каква е реалноста? Цената на млекото во малопродажба мај 2020 година 45 денари, мај 2021...