
Живот
Настани
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов утрово присуствуваше на архиерејската литургија по повод празникот Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.
Од кога заврши литургијата на сите православни христијани што денеска го слават овој празник , им го честита со поздравот Христос се роди, навистина се роди и им посака многу здравје, радост, среќа и да бидат сплотени како за празниците, така и во текот на целата оваа година.
-Празниците не се само за празнување, туку и за потсетување, да не потсетат на сето она што ни овозможило да опстојуваме низ вековите, да не потсетуваат дека треба да го сакаме, почитуваме и чуваме тоа што го имаме, а не тоа што го немаме, затоа да си ја чуваме, почитуваме и сакаме Република Македонија, бидејќи неа ја имаме, рече Иванов.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.