
Македонија
Вести
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека во недела ќе биде достапен за граѓаните и при тоа да одговара на прашања кои ги интересираат, за неговата работа или приватниот живот.
Имено тој најави дека со помош на сесијата која ќе одржи во живо на Фејсбук граѓаните ќе имаат можност да го запознаат во малку поопуштено издание.
Со оглед на тоа што времето е ограничено прашањата можат да се постават на http://bit.ly/LiveSoHristijan
-Можете да ме прашате за она што ве интересира, за мојата работа или приватен живот. Се надевам дека ќе ме запознаете во малку поопуштена верзија, отколку на телевизиските екрани. Ве очекувам во голем број!, повикува Мицкоски.

Мицкоски е избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на шеснаесетиот конгрес на партијата во Валандово.
Студирал на Машинскиот факултет во Скопје во периодот од 1996 до 2001 година. Со звањето магистар по технички науки се стенува во 2003 година при завршување на постдипломските сртудии на Машинскиот факултет во Скопје со магистерската тема „Оптимизациона синтеза на лостови механизми“. Според податоците од Националната и универзитетска библиотека во Скопје, тој во 2009 година под менторство на проф. д-р Даме Коруноски на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје ја одбранува докторската дисертација со наслов „Управување на манипулациони роботи со примена на fuzzy логика.“ Во овој извор наведени се и членови во комисијата за одбрана: Даме Коруноски, Кочо Анѓушев, Емилија Ветаџокоска, Владимир Дуковски и Атанаско Тунески. Во други извори се вели дека докторирал на други универзитети (во Германија или Италија).
Полето на научен интерес на Мицковски опфаќа: Лостови механизми, Проектирање и оптимизација на лостови механизми, Отимизација на лостови механизми, Кинематичка и кинетостатска анализа на лостови механизми, Синтеза на лостови механизми, Динамика на механизмите и машините, Развивање на софтверски пакети за синтеза и оптимизација на механизмите, Проектирање и симулации на мехатрони системи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.