Претседателот на Државната изборна комисија смета дека бројката е реална како и очекувањата за политички притисоци иако заборава дека Попис немаме одржано 16 години

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 14:26

Претседателот на ДИК Дерковски констатира 1.8 милиони граѓани со право на глас?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Притисоци секогаш се можни. Овој состав на ДИК ќе покаже дека во Македонија може и поинаку да се функционира. Ако си ја сфатиме задачата ќе ги надминеме притисоците вели претседателот на ДИК Оливер Дерковски.

Тој тврди дека бројката од 1,8 милиони гласачи е реална.

“Да. Jас неколку пати во неколку прилики тврдам дека бројката е реална и дека целата забуна во изминатите години стана веројатно од некои други политички причини. Меѓутоа наша работа на ДИК е да не ја мешаме политиката затоа што оваа работа водењето на Избирачкиот список е статистичка операција. Вклучени се Завод за статистика и Министерството за внатрешни работи така што од нивните евиденции практично се црпи составот на Избирачкиот список.

И на граѓаните да им биде појасно право да биде на Избирачкиот список има секој граѓанин којшто наполнил 18 години и којшто има важечка лична карта или патна исправа на Република Македонија а не секој што живее во земјава. Жителите на Република Македонија се утврдуваат по пат на друга операција Попис а додека правото да бидеш на Избирачки список го стекнуваш исполнувајќи ги овие услови и со тоа јасно се става динстикција меѓу двете работи. Тоа е всушност разликата.”

Дерковски кој на функцијата е по предлог на ВМРО – ДПМНЕ не одговара директно на прашањето дали партијата ќе ги повика своите поддржувачи да излезат на гласање или да го бојкотираат референдумот истакнувајќи дека своите политички убедувања ги остава дома.

“Вашето прашање сега ќе ми ги урне сите претходни констатации кои ги наведов за работата на Државната изборна комисија и затоа и нема да навлегува во одговор затоа што тука сум член на ДИК и политичките ставови и моите убедувања ги оставам дома. Кога ќе дојдам на работа заборавам на тоа и функционираме како државен орган кој има задача пред се да ја изведе операцијата референдум согласно законот.”

Дерковски можеби заборава дека Република Македонија операцијата Попис на население што е Уставна категорија ја нема спроведено цели 16 години.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За опозицијата целиот процес е нелегитимен затоа што се водел зад затворени врати и тој е против интересите на Македонија, тие нема да ги поддржат уставните измени.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го напуштија собранието!

Денес можеби по некоја очекувана логика , откога беше изгласан законот за амнестија,...

Со 95 гласа „за“, без ниту против и воздражни, Собранието вечерва го донесе по скратена постапка законот за амнестија за настаните од 27 април 2017

По кратка постапка донесен законот за амнестија. Талат Џафери и натаму невин?

Со 95 гласа „за“, без против и воздржани, вечерва Собранието на сеуште Република Македонија...

Иако во Статутот на ЗНМ јасно стои што е мнозинство и како се бира претседател, новиот Управен одбор се повика на своето правно толкување и одлуката донесена со консензус

Чадиковски е претседател на ЗНМ, Стаутот го толкува кој како ќе стигне

Управниот одбор вчера на конститутивна седница едногласно донесе автентично толкување...