
Свет
Вести
Претседателот на Молдавија, Игор Додон е повреден во сообраќајната несреќа што се случила пред два дена на северозапад од главниот град Кишињев.
Во автомобилот на претседателот се забил камион, што преминал на спротивната лента на патот.
Возачот на претседателот во последен момент свртел и така бил спречен фронтален судар. Сепак, дошло до судар и автомобилот на претседателот завршил во ендек крај патот.
Сообраќајната несреќа била снимена од автомобил што возел зад претседателскиот , кој исто бил оштетен во несреќата.
Не е познато дали патниците во овој автомобил имаат повреди.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.