Во врска со покачувањата на платите на членовите на Судскиот совет

Објавил: Узунов Бобан | 21 март, 2019 10:59

Претседателот на судски совет Караџовски повикан на распит во Обвинителство

Фото/Текст извор: ©магазин

Зоран Караџовски, претседателот на Судскиот совет денес беше повикан и денес се појави на распит во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје. Караџовски е повикан за случајот со покачените плати на членовите на Судскиот совет. 

Синдикатот на УПОЗ најави дека во декември 2018 година поднесе кривична пријава против претседателот на Судскиот совет кој е и претседател на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски, поради двете одлуки за исплата на додатоци на плата во висина од 35 проценти за членовите на Судскиот совет и за ретроактивна исплата на додатоци за плата за септември и октомври.

Во декември 2018 година членовите на Судскиот совет донесоа одлука да си ги зголемат нивните плати и платите на судиите за 35 отсто, со што нивните плати беа зголемени за 21.000 денари. Информацијата тогаш  ја објави Синдикатот на УПОЗ. 

Кривичната пријава беше најавен токму поради двете одлуки за исплата на додатоци на плата во висина од 35 проценти за членовите на Судскиот совет и за ретроактивна исплата на додатоци за плата за септември и октомври. 

Синдикатот и Здружението на судска администрација не се против исплатата на додатоци на плата за судиите бидејќи тоа им следува законски, но не се согласуваат со одлуката за ректроактивна исплата.

Обвинителството испитува основаноста на донесените одлуки и ќе се истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на буџетот на Република Македонија со исплата на додатоците кои не се пропишани со законот за плати на членовите на судскиот совет.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

-Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано.

ГЕРОСКИ: “Политичар што тужи новинари МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ„

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Заев, вицепремиерката...

Момчето, кој себеси сака да се нарекува новинар, и притоа нема елементарно воспитување и почит кон луѓе кои се далеку над него и се имено новинари со големо ,,Н"

Јоци до Митовски од Инфомакс: Ти си далеку од новинар, немаш занает, немаш новинарски нерв, немаш знаење, немаш абер

Кога Инфомакс ќе престане да ми сече статуси во кои го пишувам Заев, а го нема делот...

Рахиќ додава дека сега во притворот има 18 жени, што е најголем број на притворенички досега, а затворот Шутка е ограничен со капацитетите за сместување.

РАХИЌ: КАТИЦА ВО ПРИТВОР СО 18 ЖЕНИ – во секоја ќелија има по 4, 5 до 6 жени!

Затоа што е лице од посебен интерес поради безбедносна проценка специјалната обвинителка...

Според мене, се работи за класична закана и притисок врз медиумите и другите колеги новинари да не се осудуваат да објават информации, кои тие би ги имале поврзани со власта и аферата „Рекет“, нагласува тој.

Митовски од ИНФОМАКС: “Класична закана и притисок од ЗАЕВ да не се објават информации за Рекет”

Изјавата на премиерот Зоран Заев, кој најави дека ќе ме тужи мене и нашата редакција,...