
Македонија
Фејсбук
Вечер за славење, RK Vardar е европски шампион, напиша претседателот Стево Пендаровски.
Македонските шампиони, Вардар остварија голема победа во финалето на Лигата на шампионите и ја освоија втората европска титула во второто европско финале.
Претседателот Пендаровски исто така ја прослави вечерашната победа на Вардар, заедно со неговиот син и ракометарот Наумче Мојсовски.
Вечер за славење, RK Vardar е европски шампион!
Честитки шампиони, земјата е горда на вас!
Ве чекаме во Скопје заедно да прославиме!
Фејсбук статус на Стево Пендаровски
„Црвено-црните“ доминираа вечерва над Веспрем во првото полувреме (16:11). Во второто полувреме Вардар го издржа налетот на својот противник и на крајот на натпреварот стигна до победата во драматична завршница за конечни 27:24.
Рожерио со 6 и Чупиќ со 5 голови беа најефикасни во редовите на Вардар, додека на спротивната страна Мае реализираше 6 погодоци.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.