Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на претседателот и на YouTube каналот.

Објавил: Стојче Бушин | 1 август, 2020 15:47

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на Илинден во Пелинце

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати на одбележувањето на државниот празник 2 Август, Ден на Републиката, во Mеморијалниот центар – АСНОМ во Пелинце.

Свеченоста во Пелинце, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници, за бројот на учесниците, здравствено-безбедната организација и движењето, со обезбедено растојание и заштита.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на претседателот и на YouTube каналот.

Претходно, претседателот Пендаровски ќе положи свежо цвеќе пред споменикот во Меморијалниот центар АСНОМ, по повод одбележувањето на 76-годишнината од првото заседание на АСНОМ, стои во соопштението!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили.

Мицкоски: Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на Македонија, за Илинден и АСНОМ

Протест сега, за да не биде предоцна! Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле...

- Со овој дрворед ги потврдуваме новите стандарди на квалитет што го воведовме во текот на изминативе три години во нашиот град. Овде на Булеварот АСНОМ се засадени 300 висококвалитетни дрвја.

ГРАД СКОПЈЕ ЗАСАДИ НОВ ДРВОРЕД СО 300 ДРВЈА НА БУЛЕВАРОТ АСНОМ

Во Аеродром, на булеварот АСНОМ, се засадија 300 нови листопадни и зимзелни дрвја кои...

Тој вели дека јазикот и негова соодветна азбука се дел од генетскиот код на еден народ и се произлезени од универзалното право на самоопределување. Во тој генетски код се елементите на идентитетот и потенцијалите за комуникација, општествена интеграција, за образование и развој.

Заев за Денот на албанската азбука: Јазикот e дел од генетскиот код на еден народ

Премиерот Заев го честиташе денот на албанската азбука! Денот на создавањето на албанската...