Пендаровски и Силјаноска веќе се во политички дуел преку социјалните мрежи

Објавил: Данаил Михајловски | 18 март, 2019 12:18

Претседателски дуел Силјаноска v.s Пендаровски, многу интересен и се одвива на социјалните мрежи

Фото/Текст извор: ©магазин

„Рок музика, одлично друштво…., и тука го чекам Стево на дуел…секаде…во секое време!“, напиша на социјалните мрежи од едно кафуле во Охрид, Гордана Силјаноска Давкова. Три дена потоа кандидатот за претседател на СДСМ и ДУИ, Пендаровски, вели дека ќе го прифати повикот за ТВ дуел на противкандидатот, Силјановска Давкова, која инсистира на телевизиско соочување. “Се разбира дека ќе има дуел, помина времето на Груевски кој одбиваше дуели. Јас учествував во таков дуел и пред 5 години, нема причина сега да одбијам. Но, тоа ќе се случи во рамки на кампањата“ – изјави Пендаровски.

Проф. Силјаноска најчесто ги критикува недостатоците на сегашното владеење, кои, без разлика дали станува збор за корупција, непотизам, криминал или селективна правда, таа ги дефинира како “Заевизам“. Нејзината понуда до гласачите е правичност и право. Реплицирајќи им на СДСМ, Силјаноска напиша: “Господа, ве чекам на дуел, па да ѝ покажеме на македонската јавност кој е одговорен за травестијата на правдата и отстапувањата од принципите на Европската конвенција за човекови права. Наместо да нудите решенија за проблемите и да водите коректна кампања, вие сакате да се пресметате со мене, односно преку мене да се пресметате со вашиот партиски противник“.

 

Проф. Пендаровски преку Твитер често го критикува минатото, од времето на Груевски, а нема критики за сегашното владеење на Заев и на владината коалиција. Доминира неговото претставување како кандидат кој нуди перспектива, а соперничката се обидува да ја претсави како ретроградна.

Во меѓувреме дуелот меѓу кандидатите за претседател веќе се случува на социјалните мрежи и е прилично занимлив. Стево Пендаровски на својот Твитер профил објави порака во која ја прозва својата противкандидатка упатувајќи критика дека “Силјаноска не е чесна, не е правично да се брани насилството од 27 Април“! На ваквата критика се надоврза и СДСМ со партиско соопштение и критика за Проф. Силјаноска.

На прозивките одговори кандидатот Силјаноска Давкова:

Прво тоа што Пендаровски ги присвои мојот слоган „за право и правда“ го сметам за мој позитивен придонес во освестувањето на власта, која го изгуби компасот уште многу одамна. Второ, како надпартиски кандидат јас сум погрешна адреса за барање (правна!?) одговорност или извинување за настаните од 27 април. Подготвена сум во ТВ дуел да ги соочам аргументите за кршењето на процедуралните правила за правично судење со Пендаровски, но и да потсетам дека токму оваа власт го амнестираше Крсто Мукоски од директната одговорност за последиците од насилството во Собранието, а со цел да обезбеди промена на Уставот.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Димче Арсовски изјави дека по првиот круг од изборите владеачката партија и лидерот и премиер Зоран Заев вршеле притисоци врз вработените во јавната администрација.

“Премиерот Заев се заканува дека ќе брка вработени од Град Скопје”

На денешната прес конференција портпаролот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски...

Во однос на системот на плати и надоместоци на плати, укажуваме дека во согласност со член 170 (1) од Законот за служба во АРМ

Кабинет на Иванов: Прекршочните пријави на ДКСК се политичка одлука

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, најостро реагира за политичката...