Судир помеѓу претседателот и законодваниот дом во САД

Објавил: Узунов Бобан | 17 јули, 2019 9:31

Претставничкиот дом на Конгресот ги осуди „расистичките“ коментари на Трамп

Фото/Текст извор: ©магазин

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција со која се осудуваат „расистичките“ коментари на претседателот Доналд Трамп за членките на Конгресот од малцинските заедници. За резолуцијата гласаа сите демократи и четворица републиканци.

Со резолуцијата, усвоена со 240 гласа, силно се осудуваат „расистичките коментари на Трамп кои го легитимираа и зголемија стравот и омразата кон новите Американци и луѓето од други раси“.

Трамп претходно порача дека членките на Конгресот треба да ги напуштат САД „ако не се задоволни“, а еден новинар го праша каде треба да одат.

– Тоа е нивна одлука. Како сакаат – или можат да останат, одговори Трамп и додаде дека тие треба да ја сакаат земјата, а не да ја мразат.

Претходно, Трамп на Твитер напиша дека „кај него нема ниту трошка расизам“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

-Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано.

ГЕРОСКИ: “Политичар што тужи новинари МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ„

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Заев, вицепремиерката...

Момчето, кој себеси сака да се нарекува новинар, и притоа нема елементарно воспитување и почит кон луѓе кои се далеку над него и се имено новинари со големо ,,Н"

Јоци до Митовски од Инфомакс: Ти си далеку од новинар, немаш занает, немаш новинарски нерв, немаш знаење, немаш абер

Кога Инфомакс ќе престане да ми сече статуси во кои го пишувам Заев, а го нема делот...

Рахиќ додава дека сега во притворот има 18 жени, што е најголем број на притворенички досега, а затворот Шутка е ограничен со капацитетите за сместување.

РАХИЌ: КАТИЦА ВО ПРИТВОР СО 18 ЖЕНИ – во секоја ќелија има по 4, 5 до 6 жени!

Затоа што е лице од посебен интерес поради безбедносна проценка специјалната обвинителка...

Според мене, се работи за класична закана и притисок врз медиумите и другите колеги новинари да не се осудуваат да објават информации, кои тие би ги имале поврзани со власта и аферата „Рекет“, нагласува тој.

Митовски од ИНФОМАКС: “Класична закана и притисок од ЗАЕВ да не се објават информации за Рекет”

Изјавата на премиерот Зоран Заев, кој најави дека ќе ме тужи мене и нашата редакција,...