Врнежи од снег

Објавил: Сара Фемина | 29 ноември, 2021 18:04

ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ ДОАЃА ИЗРАЗЕНИОТ СТУД – СНЕГОТ ДОАЃА ПОНЕКАДЕ И ВО ГРАДОВИТЕ – ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ТЕМПЕРАТУРИ ДО -10!

Фото/Текст извор: ©магазин

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог.

На планините врнежите ќе бидат од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка. Локално ќе има услови и за нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени во најтоплите предели.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Инаки, како што претходно најавивме, под влијание на студена воздушна маса од север и тоа утре особено претпладне ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Снежната покривка на планините ќе се зголемува, а формирање на снежна покривка ќе има понекаде и на повисоките места.

Поради заладувањето, и тоа особено во западните и северните предели услови за провејување на снег ќе има и на некои од пониските места. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните температури утре ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 10 степени во најтоплите предели.

И во Скопскиот регион утре особено претпладне ќе има врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и на помала надморска височина и во Скопскиот регион. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, додека температурита ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа поради разведрувањето, особено студени утра ќе имаме во среда и во четврток, кога минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, а на планинските места истите има услови да се спуштат и под -10 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.